Македонски
Choose your preferred language
Политика за приватност на Apple
Ажурирано 18 септември 2024 година
Политиката за приватност на Apple опишува како Apple ги собира, користи и споделува вашите лични податоци.
Во прилог на оваа Политика за приватност, обезбедуваме податоци и информации за приватност што се вградени во нашите производи и одредени функции што бараат да се користат вашите лични податоци. Овие информации што се специфични за производот се придружувани од нашата Икона за податоците и приватноста.
Ќе ви се даде можност да ги прегледате овие информации што се специфични за производот пред да ги користите овие функции. Исто така, во секое време може да ги погледнете овие информации, во Поставките поврзани со тие функции и/или онлајн на apple.com/legal/privacy/data.
Може да се запознаете со нашите практики за приватност, достапни преку насловите подолу, и контактирајте со нас доколку имате какви било прашања.
Преземете копија од оваа Политика за приватност
Политика за приватност на апликациите за студии на здравјето од Apple
-
Што се лични податоци во Apple?
Во Apple, ние силно веруваме во основните права на приватност, како и дека тие основни права не треба да се разликуваат зависно од тоа каде живеете во светот. Поради тоа, сите податоци што се однесуваат на идентификувано лице или лице што може да се идентификува, или, пак, што е поврзано со нив или може да се поврзе од страна на Apple, ги третираме како „лични податоци“, без оглед на тоа каде живее лицето. Ова значи дека податоците што директно ве идентификуваат, како на пример вашето име, се лични податоци, а исто така и податоците што не ве идентификуваат директно, но може разумно да се користат за да ве идентификуваат, како на пример серискиот број на вашиот уред, претставуваат лични податоци. Сумираните податоци се сметаат за нелични податоци за целите на оваа Политика за приватност.
Оваа Политика за приватност го покрива начинот на кој Apple или подружницата на Apple (заедно, „Apple“) раководи со личните податоци, без оглед дали комуницирате со нас преку апликациите на Apple (како на пример, Apple Music или Wallet) или лично (вклучително и по телефон или кога посетувате Apple Store). Apple, исто така, може да поврзува со трети страни за нашите услуги или да ги направи апликациите од трети страни достапни за преземање во нашата App Store. Политиката за приватност на Apple не се однесува на начинот на кој третите страни ги дефинираат личните податоци или начинот на кој тие ги користат. Ве поттикнуваме да ги прочитате нивните политики за приватност и да ги дознаете своите права на приватност пред да комуницирате со нив.
-
Вашите права на приватност во Apple
Во Apple, ја почитуваме вашата способност за дознавање, пристап, корекција, пренос, ограничување на обработката и бришење на личните податоци. Овие права ѝ ги обезбедивме на нашата глобална база на клиенти, па доколку одлучите да ги користите овие права на приватност, имате право да не бидете третирани на дискриминаторски начин ниту да добиете помал степен на услуга од Apple. Онаму каде што од вас се бара согласност Apple да ги обработи вашите лични податоци, имате право да ја повлечете својата согласност во секое време.
За да ги остварите своите права на приватност и избори, вклучувајќи ги случаите во коишто услуга од трета страна работи во име на Apple, посетете ја страницата за податоци и приватност на Apple на privacy.apple.com за Apple или shazam.com/privacy за Shazam. За помош во заштитата на безбедноста на вашите лични податоци, мора да се најавите на вашата сметка и вашиот идентитет ќе се потврди. Доколку сакате да добиете копија од личните податоци што тековно не се достапни од privacy.apple.com, може да поднесете барање на apple.com/legal/privacy/contact. Имате право и да поднесете жалба до соодветниот регулатор.
Може да постојат ситуации во кои нема да можеме да го одобриме вашето барање, на пример, ако барате од нас да ги избришеме вашите податоци за трансакцијата, а Apple е законски обврзан да води евиденција за таа трансакција заради почитување на законот. Исто така, може да одбиеме да одобриме барање доколку тоа го поткопува нашето легитимно користење на податоците за цели против измама и за безбедност, како на пример кога ќе побарате бришење на сметка што се истражува заради проблеми со безбедноста. Други причини поради кои вашето барање за безбедност може да се одбие се доколку тоа ја загрозува приватноста на другите, е несериозно или вознемирувачко или, пак, би било крајно непрактично или неразумно.
Доколку живеете во Калифорнија, доколку не можете да ѝ пристапите на страницата за податоци и приватност на Apple, вие или вашиот овластен агент може да поднесете барање на apple.com/legal/privacy/contact или да се јавите на бројот 1-800-275-2273.
За повеќе информации за остварувањето на правата, појдете на support.apple.com/102283.
-
Лични податоци што Apple ги собира од вас
Во Apple, веруваме дека може да имате одлични производи и одлична приватност. Ова значи дека ние се стремиме да ги собереме само личните податоци што ни се потребни. Личните податоци што ги собира Apple зависат од начинот на кој комуницирате со Apple. Описите за начинот на којшто Apple ракува со личните податоци за одредени поединечни услуги се достапни на apple.com/legal/privacy/data.
Кога создавате сметка за Apple, аплицирате за комерцијален кредит, купувате и/или активирате производ или уред, преземате софтверско ажурирање, се регистрирате за час во Apple Store, се поврзувате со нашите услуги, контактирате со нас (вклучително и преку социјалните медиуми), учествувате во онлајн анкета или контактирате со Apple на друг начин, може да собираме разновидни информации, вклучително:
Информации за сметката. Вашата сметка за Apple и поврзаните детали за сметката, вклучително и адресата на е-пошта, регистрираните уреди, статусот на сметката, како и возраста
Информации за уредот. Податоци од кои може да се идентификува вашиот уред, како на пример сериски број на уредот, или, пак, за вашиот уред, како на пример видот пребарувач
Информации за контакт. Податоци како име, адреса на е-пошта, физичка адреса, телефонски број или други информации за контакт
Информации за плаќањето. Податоци за вашата адреса за фактурирање и начинот на плаќање, како на пример податоци за банката, информации за кредитните, дебитните или другите картички за плаќање
Информации за трансакцијата. Податоци за купувањата на производите и услугите на Apple или трансакциите што Apple ги олеснува, вклучително и купувањата на платформите на Apple
Информации за спречување на измами. Податоци што се користат за помош во идентификувањето на измами, вклучително и оценка за доверба во уредот
Податоци за користењето. Податоци за вашата активност и користењето на нашите понуди, како на пример стартување на апликациите во рамките на нашите услуги, вклучително и историјата на пребарувањето; историја на барањето; интеракција на производите; податоци за падови, перформанси и други дијагностички податоци; и други податоци за користењето
Информации за локација. Прецизна локација само за поддршка на услугите како Најди го мојот или каде се согласувате за услуги што се специфични за регионот, како и груба локација
Здравствени информации. Податоци што се однесуваат на здравствениот статус на поединецот, вклучително и податоците што се однесуваат на физичкото или менталното здравје или состојба на поединецот. Личните здравствени податоци, исто така, вклучуваат податоци што може да се користат за изведување заклучоци или откривање на здравствениот статус на поединецот. Доколку учествувате во студија користејќи ја апликацијата за истражувачки студии на здравјето од Apple, политиката што управува со приватноста на вашите лични податоци е опишана во Политика за приватност на апликациите за студии на здравјето од Apple.
Информации за фитнес. Детали што се однесуваат на вашите информации за фитнес и вежбање, онаму каде што ќе изберете да ги споделите
Финансиски информации. Детали што вклучуваат информации за платата, приходот и средствата каде што се собираат, како и информации поврзани со финансиски понуди од брендот на Apple
Податоци за идентификација од владата. Во одредени јурисдикции, може да побараме идентификација што ја издава владата во ограничени околности, вклучувајќи при поставување безжична сметка и активирање на вашиот уред, со цел да се продолжи комерцијалниот кредит, управувањето со резервации или како што е пропишано со законот
Други информации што ни ги давате. Детали, како на пример, содржината на вашите комуникации со Apple, вклучително и комуникациите со службата за поддршка и контактите преку каналите на социјалните медиуми
Давањето на личните податоци што ги бараме не е задолжително. Меѓутоа, доколку изберете да не го направите тоа, во многу случаи нема да може да ви ги обезбедиме нашите производи или услуги, ниту да одговориме на барањата што може да ги имате.
-
Лични податоци што Apple ги добива од други извори
Apple може да добива лични податоци за вас од други поединци, од бизниси или трети страни што дејствуваат по ваш налог, од нашите партнери што работат со нас со цел да ги обезбедат нашите производи и услуги и ни помагаат во безбедноста и спречувањето на измами, како и од други законски извори.
Поединци. Apple може да собира податоци за вас од други поединци, на пример, доколку тој поединец ви пратил производ или подарок-картичка, ве поканил да учествувате во услуга или форум на Apple или споделил содржина со вас.
По ваш налог. Може да им наложите на други лица или трети страни да споделуваат податоци со Apple. На пример, може да му наложите на вашиот мобилен оператор да ги сподели податоците за вашиот оператор со Apple со цел активирање на сметката, или, пак, со цел програмата за лојалност да ги сподели информациите за вашето учество, така што ќе може да заработувате награди за купувањата од Apple.
Партнери на Apple. Ние, исто така, можеме да ги потврдиме информациите обезбедени од вас, на пример кога создавате сметка за Apple, со трета страна за цели на безбедност и спречување на измами.
За целите на истражување и развој, може да користиме групи податоци, како на пример оние што користат слики, гласови или други податоци што може да бидат поврзани со лице што може да се идентификува. Кога се стекнуваме со такви групи на податоци, тоа го правиме во согласност со важечкиот закон, вклучувајќи го законот во јурисдикцијата во која групата на податоци е хостирана. Кога ги користиме таквите групи на податоци за истражување и развој, ние не се обидуваме повторно да ги идентификуваме лицата кои можат да се појават во нив.
-
Користење на личните податоци од Apple
Apple ги користи личните податоци за придвижување на нашите услуги, обработка на вашите трансакции, комуникација со вас, за безбедност и спречување измама, како и за почитување на законот. Исто така, може да ги користиме личните податоци за други цели, со ваша согласност.
Apple ги користи вашите лични податоци само кога имаме валидна правна основа да го правиме тоа. Зависно од околностите, Apple може да се потпре на вашата согласност или на фактот дека обработката е неопходна за да се исполни договорот со вас, да се заштитат вашите витални интереси или интересите на други лица, или, пак, за да се почитува законот. Исто така, ние може да ги обработуваме вашите лични податоци онаму каде што сметаме дека е тоа во наш легитимен интерес или истиот на другите, земајќи ги предвид вашите интереси, права и очекувања. Повеќе информации се достапни во информациите што се специфични за производот вградени во нашите производи и функции како што е опишано погоре. Доколку имате прашања за правната основа, може да контактирате со службеникот за заштита на податоците на apple.com/legal/privacy/contact.
Придвижување на нашите услуги. Apple собира лични податоци неопходни за придвижување на нашите услуги што може да содржат лични податоци собрани за подобрување на нашите понуди, за интерни цели како на пример ревизија или анализа на податоците, или, пак, за решавање проблеми. На пример, ако сакате да пристапите до песна преку претплата на Apple Music, ние собираме податоци за тоа кои песни ги пуштате за да ви ја обезбедиме бараната содржина и за целите на авторски права.
Обработка на вашите трансакции. За да ги обработи вашите трансакции, Apple мора да собира податоци како вашето име, купувањето и информациите за плаќање.
Комуникација со вас. За одговарање на известувања, стапување во контакт со вас во врска со вашите трансакции или сметката, рекламирање на нашите производи и услуги, давање на други релевантни информации, или, пак, барање информации или повратни информации. Одвреме-навреме, може да ги користиме вашите лични податоци за да испраќаме важни соопштенија, како на пример известувања за купувањата или промените во нашите одредби, услови и политики. Бидејќи овие информации се важни за вашата комуникација со Apple, не може да се откажете од добивањето на овие важни известувања.
Безбедност и спречување измами. За заштита на поединците, вработените и Apple и за спречување загуби и спречување измами, вклучително и за заштита на поединците, вработените и Apple во корист на сите наши корисници, како и претходна проверка или скенирање на поставените содржини за потенцијално нелегална содржина, вклучително и материјал за сексуална експлоатација на деца.
Лични податоци што се користат за персонализација. Ако одлучите да ги персонализирате вашите услуги или комуникации кога се достапни таквите опции, Apple ќе ги користи информациите коишто ги собираме за да може да ви ги понудиме персонализираните услуги или комуникации. Може да дознаете повеќе за начинот на којшто релевантните услуги ги користат информациите за да го персонализираат вашето искуство така што ќе ги прегледате информациите за приватност коишто ги гледате кога првпат користите услуга којашто бара да ги користи вашите лични податоци. Го олеснуваме наоѓањето на ваквите информации, така што ги означуваме со нашата икона за Податоци и приватност; достапни се и во секој момент на вашиот уред на Apple и на интернет на apple.com/legal/privacy/data.
Почитување на законот. За почитување на важечкиот закон, на пример, за исполнување на даночните обврски или обврските за известување, или, пак, за почитување на законското владино барање.
Apple не користи алгоритми или профилирање за донесување какви било одлуки што значително би влијаеле на вас, без можноста за преглед од човек. Apple исто така не користи, ниту открива чувствителни лични податоци за какви било цели со кои би се барало корисникот да оствари право на ограничување на обработката според законот на Калифорнија.
Apple ги задржува личните податоци само онолку колку што е потребно за исполнување на целите за кои биле собрани, вклучително и како што е опишано во оваа Политика за приватност или во нашите известувања за приватноста што се специфични за услугите, или, пак, како што се бара со законот. Ние ќе ги задржиме вашите лични податоци за периодот што е потребен за исполнување на условите наведени во оваа Политика за приватност и нашите известувања за приватност што се специфични за услугите. При оценување на периодите на задржување, прво внимателно испитуваме дали е неопходно да се задржат личните податоци, и, ако е потребно задржување, работиме на задржување на личните податоци за најкраткиот период што е дозволен со закон.
-
Споделување на личните податоци од Apple
Apple може да споделува лични податоци со подружниците на Apple, давателите на услуги што дејствуваат во наше име, нашите партнери, програмери и издавачи или другите по ваш налог. Понатаму, Apple не споделува лични податоци со трети лица за нивни маркетиншки цели.
Даватели на услуги. Apple може да ангажира трети лица да дејствуваат како наши даватели на услуги и да извршуваат одредени задачи во наше име, како на пример обработка или складирање на податоците, вклучувајќи лични податоци, во врска со користењето на нашите услуги и испораката на производи на клиентите. Давателите на услуги на Apple се обврзани да раководат со личните податоци согласно оваа Политика за приватност и според нашите упатства. Тие не може да ги користат личните податоци што ги споделуваме за нивни цели и мора да ги избришат или вратат личните податоци штом ќе го исполнат нашето барање.
Партнери. Во дадени моменти, Apple може да биде партнер со трети страни со цел давање услуги или други понуди. На пример, финансиските понуди од Apple како Apple Card и Apple Cash, ги нудат Apple и нашите партнери. Apple од своите партнери бара да ги штитат вашите лични податоци.
Програмери и издавачи од коишто добивате претплата. Доколку купите претплата во апликација од трета страна од App Store или во рамките на Apple News, ние создаваме Идентификација на претплатникот што е единствена за вас и програмерот или издавачот. Идентификацијата на претплатникот може да се користи за давање извештаи на програмерот или издавачот што содржат информации за претплатата што сте ја купиле и земјата на престој. Ако ги откажете сите претплати од одреден програмер или издавач, Идентификацијата на претплатникот ќе се ресетира по 180 дена ако не се претплатите одново. Овие информации се доставуваат до програмерите за да можат да ги разберат можностите на нивните претплати.
Други. Apple може да споделува лични податоци со други по ваш налог или со ваша согласност, како на пример кога споделуваме информации со вашиот оператор за да ја активираме вашата сметка. Податоците за вас може да ги откриеме и доколку утврдиме дека за целите на националната безбедност, спроведувањето на законите или други прашања од јавен интерес, откривањето е неопходно или соодветно. Исто така може да откриваме информации за вас онаму каде што постои правна основа да го правиме тоа, доколку утврдиме дека откривањето е разумно неопходно за спроведувањето на нашите одредби и услови или за да го заштитиме нашето работење или корисниците, или, пак, во случај на реорганизација, спојување или продажба.
Apple не ги продава вашите лични податоци, вклучително и на начин на кој „продажбата“ е дефинирана во Невада и Калифорнија. Apple исто така не ги „споделува“ вашите лични податоци на начин на кој тој термин е дефиниран во Калифорнија.
-
Заштита на личните податоци во Apple
Во Apple, сметаме дека одличната приватност почива на одличната безбедност. Ние користиме административни, технички и физички заштитни мерки за заштита на вашите лични податоци, земајќи ја предвид природата на личните податоци и обработката, како и заканите. Постојано работиме на подобрувањето на овие заштитни мерки со цел зачувување на безбедноста на вашите лични податоци. За повеќе информации, посетете го нашиот водич за Безбедност на платформата на Apple.
-
Децата и личните податоци
Apple ја разбира важноста на заштитата на личните податоци на децата за кои ние сметаме дека се лица на возраст под 13 години или истата возраст како што е определено со закон во вашата јурисдикција. Поради тоа, Apple спроведе дополнителни процеси и заштити како помош во чувањето на безбедноста на личните податоци на децата.
За пристап до определени услуги на Apple, детето мора да има детска сметка за Apple. Детска сметка за Apple може да создаде родител или, во случај на Управувана идентификација на Apple, образовната институција на детето.
Родители. За создавање детска сметка, родителите мора да го разгледаат Семејното откривање на приватноста за деца, коешто опишува како Apple раководи со личите податоци на децата. Доколку се согласат, родителите треба на Apple да му дадат верификувана родителска согласност.
Образовни институции.Образовните институции што учествуваат во Apple School Manager исто така може да создадат Идентификации на Apple за учениците, наречени „Управувани идентификации на Apple“. Од овие училишта се бара да се согласат со Откривањето на управувана идентификација на Apple за ученици што е вклучено како Експонат A во Договорот за Apple School Manager.
Доколку дознаеме дека личните податоци на детето се собирале без соодветно овластување, тие ќе се избришат што е можно поскоро.
За остварување на правата на приватност за информациите за вашето дете, посетете ја страницата за податоци и приватност на Apple на privacy.apple.com и најавете се на неговатасметка.
-
Колачиња и други технологии
Веб-страниците, онлајн услугите, интерактивните апликации и рекламите на Apple може да користат „колачиња“ и други технологии, како на пример веб-светилници. Овие технологии ни помагаат во подоброто разбирање на однесувањето на корисниците, вклучително и за целите на безбедност и спречување на измами, ни кажуваат кои делови од нашите веб-страници луѓето ги посетиле и ја олеснуваат и оценуваат ефикасноста на рекламите и веб-пребарувањата.
Колачиња за комуникации. Овие колачиња се користат за да овозможат мрежен сообраќај до и од системите на Apple, вклучително и со тоа што ќе ни помогнат во откривањето на какви било грешки.
Строго потребни колачиња. Овие колачиња се поставени како што се бара за да обезбедат посебна функција или услуга до која сте пристапиле или сте ја барале. На пример, тие ни дозволуваат прикажување на нашите веб-страници во соодветен формат и на соодветен јазик, автентицирање или потврда на вашите трансакции и зачувување на содржините од вашата Торба кога купувате онлајн на apple.com.
Други колачиња. Овие колачиња се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со нашите веб-страници и онлајн услуги, вклучително и помагајќи ни во оценувањето на ефикасноста на рекламите и веб-пребарувањата. Apple, исто така, ги користи овие колачиња за да ги запомни изборите што ги правите додека пребарувате, така што ќе може да ви обезбедиме прилагодено искуство.
Доколку претпочитате Apple да не користи колачиња, ние ви обезбедуваме средства за оневозможување на нивното користење. Доколку сакате да ги оневозможите колачињата и го користите веб-пребарувачот Safari, изберете „Блокирај ги сите колачиња“ во поставките за приватност на Safari. Доколку користите друг пребарувач, проверете со вашиот давател на услуги за да откриете како да ги оневозможите колачињата. Одредени функции на веб-страницата на Apple може да не се достапни ако се оневозможат сите колачиња.
Покрај колачињата, Apple користи други технологии што ни помагаат во постигнувањето на слични цели.
Во некои од нашите пораки по е-пошта користиме „посета на надворешни веб-страници“ што ве поврзуваат со содржината на веб-страницата на Apple. Кога ќе кликнете на една од овие врски за веб-страници, тие поминуваат преку посебен сервер пред да стигнат до целната страница на нашата веб-страница. Ние ги следиме податоците од кликнувањето за да го утврдиме интересот во одредени теми и за да ја измериме ефективноста на нашата комуникација со корисниците. Доколку не сакате да ве следиме на овој начин, не треба да кликате на текстовите или графичките линкови во пораките по е-пошта.
Општо, Apple ги третира податоците што ги собираме со овие колачиња и сличните технологии како нелични податоци. Меѓутоа, доколку адресите на интернет-протоколот (ИП) или слични показатели се сметаат за лични податоци од страна на локалните закони, ние, исто така, ќе ги третираме овие показатели како лични податоци во овие региони. Покрај тоа, Apple понекогаш ги комбинира неличните податоци што се собираат од овие технологии со други лични податоци што ги поседува Apple. Кога ги комбинираме податоците на овој начин, комбинираните податоци ги третираме како лични податоци за целите на оваа Политика за приватност.
Рекламите што ги испорачува платформата за рекламирање на Apple може да се прикажуваат на App Store, Apple News, Stocks и апликацијата Apple TV во зависност од вашата локација. Платформата за рекламирање на Apple не ве следат, односно не ги поврзува податоците од корисникот или уредот собрани од нашите апликации со податоците од корисникот или уредот собрани од трети страни за потребите на насочено рекламирање или мерење на рекламирањето и не ги споделува податоците од корисникот или уредот со брокери за податоци.
Доколку не сакате да добивате реклами според вашите интереси од платформата за рекламирање на Apple во овие апликации, може да изберете да ги оневозможите Personalized Ads (Персонализирани реклами) што ќе откаже вашата сметка за Apple да добива такви реклами, без оглед кој уред го користите. На вашиот уред со iOS, iPadOS или visionOS може да оневозможите Personalized Ads (Персонализирани реклами) ако појдете во Поставки > Приватност и безбедност > Рекламирање на Apple и допрете за да ги исклучите Personalized Ads (Персонализирани реклами). На вашиот Mac, може да оневозможите Personalized Ads (Персонализирани реклами) ако појдете во Поставки > Приватност и безбедност > Приватност > Рекламирање, потоа деселектирате Personalized Ads (Персонализирани реклами). Сепак, можно е да се прикажуваат реклами во App Store, Apple News, или Stocks според контекстот, како што се вашите пребарувања или каналот што го читате. Доколку ја оневозможите Allow Apps to Ask to Track (Дозволи апликации да прашуваат за следење), апликациите од трети страни не може да бараат да го користат Идентификаторот за рекламирање, неличен идентификатор што го нуди оперативниот систем на вашиот уред да ве следи низ апликациите и веб-страниците во сопственост на други компании.
За повеќе информации за рекламите испорачани од Apple и за приватност, појдете на apple.com/legal/privacy/data/ww/apple-advertising.
-
Пренос на личните податоци помеѓу земјите
Производите и понудите од Apple ве поврзуваат со светот. За да го овозможиме тоа, вашите лични податоци може да се префрлат на или да се овозможи пристап до нив за ентитети околу светот, вклучувајќи ги подружниците на Apple, со цел да се извршуваат активности за обработка како тие што се опишани во оваа Политика за приватност поврзани со вашето користење на нашите производи и услуги. Apple ги почитува законите за пренос на лични податоци помеѓу земјите за да се осигури дека вашите податоци се заштитени, каде и да се.
Субјектот на Apple што ги контролира вашите лични податоци може да се разликува, зависно од тоа каде живеете. На пример, информациите за Apple Store ги контролираат одделни субјекти на малопродажбата во секоја земја, а личните податоци поврзани со медиумските услуги на Apple може да ги контролираат разни субјекти на Apple, како што е опишано во условите на користење. Доколку не престојувате во САД, вашите лични податоци може да ги обработат Apple Inc. и други подружници на Apple во име на субјектот на Apple што ги контролира личните податоци за вашата јурисдикција. На пример, Сликите и поврзаните податоци што ги собира Apple од целиот свет за да се подобри Apple Maps и за поддршка на нашата опција „Look Around“ се пренесуваат во Apple Inc. во Калифорнија.
Личните податоци што се однесуваат поединците што престојуваат во земја-членка на Европската економска област, Обединетото Кралство и Швајцарија, ги контролира Apple Distribution International Limited во Ирска. Меѓународниот пренос на личните податоци на Apple што се собираат во Европската економска област, Обединетото Кралство и Швајцарија го регулираат Стандардни договорни клаузули. Ако имате прашања во врска со или сакате копија од Стандардните договорни клаузули на Apple, може да контактирате со нас на apple.com/legal/privacy/contact.
Личните податоци собрани од страна на Apple или подружницата на Apple на светско ниво најчесто се складираат во Apple Inc. во Соединетите Американски Држави. Без разлика каде се складираат вашите лични податоци, Apple го одржува истото високо ниво на заштита и заштитни мерки.
Практиките за приватност на Apple, како што е опишано во оваа Политика за приватност, се во согласност со Глобалниот систем за прекугранични правила за приватност (CBPRs) и Глобалниот систем за препознавање приватност за процесори (PRP). За повеќе информации за Глобалните системи CBPR и PRP, посетете го Глобалниот форум на CBPR. За да ги видите нашите сертификати, посетете го Директориумот за усогласеност со системот CBPR. За повеќе информации за опсегот на нашето учество или за да поднесете барање за приватност преку Националните програми BBB, нашиот Агент за одговорност, посетете:
Личните податоци што се однесуваат на поединците од Народна Република Кина Apple може да ги обработува во држави надвор од Народна Република Кина, како на пример Apple Inc. во Соединетите Американски Држави или Apple Distribution International Limited во Република Ирска. Кога ќе дојде до ова, тоа ќе се спроведе согласно локалните закони, вклучувајќи го Законот за заштита на лични информации. За потребите за обработување наведени во оваа Политика за приватност, Apple може да ги пренесува таквите лични податоци и до даватели на услуги од трети страни, кои, од своја страна, може да ги складираат или да ги пренесуваат податоците надвор од Народна Република Кина. За повеќе информации, појдете до Откривања за приватност за континентална Кина.
-
Посветеност на целата наша компанија на вашата приватност
За да ја осигуриме безбедноста на вашите лични податоци, ги запознаваме вработените на Apple со насоките за приватност и безбедност и строго ги спроведуваме заштитните мерки за приватност во рамките на компанијата.
-
Прашања за приватноста
Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност или практиките за приватност на Apple, вклучувајќи ги случаите кога давател на услуги од трета страна работи во наше име или сакате да контактирате со нашиот службеник за заштита на податоците, може да контактирате со нас на apple.com/legal/privacy/contact или да се јавите на бројот за поддршката на Apple за вашата држава или регион. Исто така, може да ни поставите прашања за тоа како да поднесете жалба за приватноста, а ние ќе се обидеме да ви помогнеме.
Apple сериозно ги сфаќа вашите прашања за приватноста. Посветен тим го разгледува вашето барање за да утврди како најдобро да одговори на вашето прашање или проблем, вклучително ги и оние барања што се добиваат како одговор на барањето за пристап или преземање. Во повеќето случаи, сите суштински контакти добиваат одговор во рок од седум дена. Во другите случаи, може да побараме дополнителни информации или да ве известиме дека ни треба повеќе време за да ви одговориме.
Онаму каде што вашата жалба укажува дека може да се направи подобрување во нашето справување со прашања поврзани со приватноста, ќе преземеме чекори за да направиме такво ажурирање во следната разумна можност. Во случај кога прашањето на приватноста резултирало со негативно влијание на вас или на друго лице, ќе преземеме чекори да го решаваме тоа со вас или со тоа друго лице.
Во секое време може – вклучително и ако не сте задоволни со одговорот од Apple – да ја поднесете вашата жалба до соодветниот регулатор. Што се однесува до нас, ќе се обидеме да ве информираме за начините на решавање на жалбата што може да се применат во вашиот случај.
Кога има материјална промена во оваа Политика за приватност, ќе објавиме известување на оваа веб-страница најмалку една недела пред тоа и ќе контактираме со вас директно за промената доколку ги имаме вашите податоци во датотеката.