Често поставувани прашања
Како претплатник, ќе добиете пристап до каталог со над 1.000 игри и апликации што секој месец се проширува со нови. Игрите и апликациите во Play Pass нема да имаат реклами и дополнителни купувања во апликација.
Проверете ја картичката Play Pass во апликацијата Play Store или побарајте игри и апликации означени со значката Play Pass во Play Store
Рекламите ќе се отстранат и купувањата во апликација ќе се отклучат за сите игри и апликации што се вклучени во каталогот на Play Pass
Некои игри и апликации продаваат дигитални ставки и услуги што го надополнуваат вашето доживување, како валута во игра и посебни скинови. Со Play Pass сите купувања во апликацијата ќе ви бидат достапни бесплатно.
Со „Семејна збирка“, управниците со семејство можат да го споделат пристапот на Play Pass со најмногу 5 члена на семејството бесплатно. Членовите на семејството ќе треба да реактивираат Play Pass на својата сметка. Дознај повеќе