Skip to main content

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ И КОЛАЧИЊА

Датум на стапување на сила: Оваа Политика за приватност и колачиња стапува на сила на 27 July, 2022.

Оваа Политика за приватност и колачиња, подложна на важечките закони, се однесува на сите веб-локации, апликации и онлајн функции („Содржини“) на Sony Pictures Entertainment Inc. што се поврзани со оваа Политика за приватност и колачиња („Политика“).

Во оваа Политика, поимите „SPE“, „ние“, „нас“, „нам“ и „наше“ се однесуваат на Sony Pictures Entertainment Inc. и/или дел од нејзините подружници кои се одговорни за обработка на податоци за лична идентификација („Лични податоци“) за вас и кои се „Контролори“ во однос на вашите Лични податоци. Субјектот на SPE одговорен за обработката на вашите лични податоци вообичаено е компанијата што ја обезбедува одредената Содржина или активност со која се занимавате. За да го најдете локалниот одговорен субјект на SPE, кликнете тука. Ако сè уште не сте сигурни кој е релевантниот субјект на SPE или ако имате дополнителни прашања во врска со оваа Политика, контактирајте со нас користејќи ги опциите поставени тука. Седиштето на Sony Pictures Entertainment Inc. се наоѓа на адресата 10202 West Washington Boulevard, Culver City, California 90232 во САД.  

Ја следиме оваа политика во согласност со важечките закони на местата каде што работиме. Во некои јурисдикции може да обезбедиме дополнителни Напомени за приватност и/или колачиња конкретни за производите или регионот.

 

КЛУЧНИ ТОЧКИ

За повеќе информации за секоја од овие клучни точки, погледнете го целосниот текст на Политиката подолу.

Податоци што ги давате

Собираме одредени категории на Лични податоци кои ни ги давате вие.

Податоци прибрани од трети страни

Собираме и одредени Лични податоци за вас од трети страни, како апликации и даватели на податоци од трети страни.

Цел и правна основа за обработка на вашите податоци

Ги користиме Личните податоци за да ви овозможиме употреба на функциите во Содржините, за да ја обработиме вашата регистрација или претплата, да анализираме како ја користите Содржината и за да ви ги обезбедиме побараните Содржини поврзани со нашите филмови, нашите телевизиски програми и другите понуди. Онаму каде што законски се бара, се потпираме на голем број правни основи за обработка на вашите Лични податоци, вклучително и онаму каде што таквата обработка е неопходна за извршување договор, каде што е во наши или легитимни интереси на трета страна, за ваша согласност или каде што е неопходна за почитување на нашите законски обврски.

Колачиња и слични технологии

Користиме колачиња и други технологии за следење за да ги персонализираме Содржините и рекламирањето и за да го подобриме работењето на нашите Содржини. Доколку се бара со важечкиот закон, ќе го направиме тоа само со ваша согласност.

Споделување на вашите податоци

Јавно ги откриваме вашите Лични податоци кога преку нашите веб-локации или апликации објавувате содржини создадени од корисниците. Во согласност со важечките закони, може да им ги откриваме Личните податоци на нашите деловни партнери или на други компании на групацијата Sony. Исто така, податоците ги споделуваме и со третите страни што обработуваат податоци во наше име или кога таквото споделување се бара по закон, или во одредени други случаи.

Меѓународни преноси

Вашите Лични податоци ги пренесуваме во Соединетите Американски Држави или во другите јурисдикции во кои се наоѓаме ние или нашите даватели на услуги. Имаме соодветни заштитни мерки за покривање на овие трансфери доколку е потребно (вклучувајќи и трансфери надвор од ЕЕО или ОК).

Вашите права

Во согласност со важечките закони, може да имате одредени права, на пример, право на пристап, исправка, бришење право на приговор или повлекување на вашата согласност за одредена обработка (вклучително и за директен маркетинг) или други дејства поврзани со вашите Лични податоци.

Безбедност на податоците

Спроведуваме технички и организациски мерки за заштита на Личните податоци од губење, злоупотреба, менување или случајно уништување.

Податоци потребни според договорот

Иако не сте законски обврзани да ни дадете какви било Лични податоци, доколку не ни дадете одредени Лични податоци, нема да можеме да ги исполниме сите услови од нашиот договор со вас според Условите за користење објавени во врска со оваа Политика.

Автоматизирано донесување одлуки и профилирање

Не спроведуваме никакво целосно автоматизирано донесување одлуки или профилирање што има правно или слично значајно влијание врз вас. 

Задржување

Ги задржуваме вашите Лични податоци колку што е потребно за да се исполни целта за која се обработуваат.

Промени на оваа политика

Може да вршиме измени на оваа Политика за приватност и колачиња, на пример, за да соодветствува на промените во законот, нашите практики за собирање и употреба на личните податоци, функциите на Содржините или технолошките напредоци.

Контактирајте нè

Доколку имате прашања, проблеми или коментари, контактирајте нѐ според податоците дадени тука

ПОДАТОЦИ ШТО ГИ ДАВАТЕ

Може да ги собираме следниве категории на Лични податоци што ни ги давате кога ги користите Содржините:

  • Податоци за идентификација: податоци што ни овозможуваат да ве разликуваме од други поединци. Ова може да вклучува демографски податоци, како: име и презиме, датум на раѓање, пол, поштенска адреса, корисничко име, лозинка и одговори на безбедносни прашања.
  • Податоци за контакт: податоци што ни овозможуваат да бидеме во контакт со вас. Ова може да вклучува: електронска адреса и телефонски број.
  • Податоци за плаќање: податоци што ни овозможуваат нам или на нашите даватели на услуги од трети лица да обработуваат плаќања онаму каде што е потребно за да ви се овозможи пристап до нашите Содржини, поврзаниот статус на купување или претплата и историјата на плаќања.
  • Вашето учество или коментариподатоците што ги давате кога учествувате во некој од нашите натпревари, извлекување награди или некоја од нашите анкети или истражување на потрошувачите.
  • Вашите прашања: податоците што ги давате кога контактирате со нас барајќи поддршка за корисниците.
  • Содржини создадени од корисниците: Кога ви даваме можност да поставувате или споделувате содржина генерирана од корисниците, ќе ги собираме податоците што ни ги давате преку нашите Содржини, како фотографиите, видеозаписите или другите содржини што може да ги поставувате.
  • Податоци за користењето: ние и нашите партнери и даватели на услуги од трети страни, како Google Analytics и/или Adobe Analytics, може да користиме разни технологии што собираат и даваат податоци за тоа како се пристапува кон Содржините и како се користат. Податоците за користењето може да се состојат од типот и верзијата на вашиот интернет-прегледувач, оперативниот систем, давателот на услуги, веб-страниците, видеата и апликациите што сте ги гледале, времето и времетраењето на нивното прикажување или видеоисторијата, нивото на способности, вашите демографски податоци (како вашата возраст, пол, јазик, локација и области на интерес, таму каде што се достапни), временската зона, јазикот, и што сте гледале пред да пристапите на нашите Содржини. За повеќе информации за собирањето на некои од овие информации, погледнете го и делот за Колачиња и слична технологија за следење.
  • Идентификатори на уредите: исто така, може автоматски да ги собираме вашите IP-адреси или другите единствени идентификатори на компјутерот, мобилниот уред, технологијата или другите уреди што ги користите за пристап до Содржините. Единствен идентификатор е бројот што автоматски му се доделува на вашиот уред кога пристапувате кон веб-локација или кон нејзините сервери, и преку овој број нашите компјутери го идентификуваат уредот. Исто така, некои даватели на услуги може да ни ја дадат и физичката локација на уредот што се користи за пристапување кон Содржините. За повеќе информации за собирањето на некои од овие информации, погледнете го и делот за Колачиња и слична технологија за следење.

 

нашите веб-локации и апликации може да содржат врски до други локации што не се во наша сопственост или под наша контрола. Кога ќе ја напуштите нашата веб-локација или платформа, вашите податоци може да бидат собрани од трета страна и да подлежат на нејзината приватност и напомена за колачиња.

 

ПОДАТОЦИ ПРИБРАНИ ОД ТРЕТИ СТРАНИ

Содржините може да вклучуваат хиперврски поврзани со Содржините, дополнителни компоненти, веб-локации, локации, платформи, апликации или други услуги со кои управуваат трети страни („Услуги од трети страни“). Овие Услуги од трети страни може да користат свои колачиња, веб-ознаки и други технологии за следење за независно да собираат податоци за вас и може од вас да побараат Лични податоци. Во такви случаи важат нивните политики за приватност, а не оваа Политика.

Одредени функции на Содржините дозволуваат интеракции кои ги вршите преку Содржините и одредени Услуги од трети страни, на пример социјални мрежи од трети страни („Социјални функции“). Примери за Социјални функции се: овозможувањето да испраќате содржини, на пример контакти и фотографии, помеѓу Содржините и Услуга од трета страна; „допаѓањето“ и „споделувањето“ содржини на SPE; најавувањето на Содржините преку вашата сметка на Услугата од трета страна (на пр. употреба на Facebook Connect за најава на Услугата); и секое друго поврзување на Содржините со Услуга од трета страна (на пр. повлекување податоци од Содржините или ставање податоци во нив). Ако користите Социјални функции, и потенцијално други Услуги од трети страни, податоците што ги објавувате или до кои овозможувате пристап може јавно да се прикажуваат на Содржините или од страна на Услугата од трета страна што ја користите. На сличен начин, ако објавите податоци на Услуга од трета страна што се однесуваат на Содржините (на пр. ако во твит или статус употребите ознака со тараба што е поврзана со SPE или компании на групацијата Sony), вашата објава може да се користи на или во врска со Содржините или воопшто од страна на SPE или компании на групацијата Sony. Исто така, и SPE и третата страна може да имаат пристап до одредени податоци за вас и вашата употреба на Содржините и на која била Услуга од трета страна.  Услугите на трети страни во одредени околности може да обезбедат одредени лични податоци на SPE, како што се податоци за идентификација, демографски податоци, информации за контакт, ваши коментари и содржина генерирана од корисникот, информации за користењето, заклучоци за вас и идентификатори на уредот.  До степен релевантен според важечкиот закон, каде што ги контролираме вашите Лични податоци заедно со трети страни, ќе ви обезбедиме информации за овој однос на местото на собирање или преку Алатката за согласност со употребата на колачиња.

ЦЕЛ И ПРАВНА ОСНОВА ЗА ОБРАБОТКА НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Ги користиме категориите на Лични податоци наведени погоре за следните цели и, кога од нас се бара да имаме правна основа, се потпираме на следните правни основи:

За исполнување на одреден договор или преземање чекори поврзани со договорот:

  • за обработка на вашата регистрација на веб-локација или апликација, или на вашето учество во наградна игра, извлекување или натпревар
  • за испраќање информации околу промените на нашите услови за користење или политики и други пораки за трансакциите
  • за обработка на вашето плаќање и исполнување на вашата нарачка или услуга за претплата
  • за создавање или водење на вашата онлајн сметка или претплатите

Во случаи кога ова е неопходно за намени кои се во наш легитимен интерес или во легитимен интерес на трети страни. Овие интереси се:

  • да ви обезбедиме пристап до Содржините и функциите на веб-локациите и апликациите
  • да ви ги испратиме податоците што сте ги побарале
  • да ја осигуриме безбедноста на нашите веб-локации и апликации, преку обиди за спречување на неовластени или злонамерни активности
  • да го спроведеме следењето на Условите за користење објавени во врска со оваа Политика и со други политики
  • да им помагаме на други организации (на пр. сопственици на авторски права) да ги остварат своите права
  • да ја определиме вашата приближна локација и да ги приспособиме нашите Содржини (на пр. јазик, валута, територијални ограничувања)
  • да ги приспособиме Содржините, вклучувајќи го и тоа да ви понудиме персонализирани Содржини во контекст на нашите стриминг-услуги
  • да анализираме како се користат Содржините (вклучувајќи ги зачестеноста и должината на гледањето)
  • да ги подобриме нашите услуги, вклучително и анализа на вашите повратни информации и коментари дадени преку анкета или истражување на потрошувачите
  • да ги приспособиме рекламите и понудите за вас, доколку тоа е дозволено со важечкиот закон
  • да ви обезбедиме корисничка поддршка

Во случаи кога ни давате согласност:

  • во случаи кога барате да ви испратиме маркетиншки информации преку медиум за кој ни е потребна ваша согласност (на пример, маркетинг преку е-пошта)
  • да ги приспособиме рекламите и понудите за вас, каде што се бара согласност според важечкиот закон
  • во случаи кога тоа се бара според важечките закони, согласност за поставување на колачиња и користење слични технологии.  За повеќе информации, погледнете го и делот за Колачиња и слична технологија за следење.
  • во други случаи кога бараме ваша согласност, за намена што тогаш ви ја објаснуваме
  • онаму каде што обезбедуваме онлајн услуги на деца и потребна е согласност за соодветната обработка, до степен што го бара законот (на пример, затоа што детето е под релевантниот возрасен праг), бараме согласност од родител или старател да го направиме тоа.

Онаму каде што тоа е неопходно за да ги почитуваме нашите правни обврски:

  • Како одговор на барања од страна на владата, регулаторите или органите за спроведување на законот кои водат истрага.
  • За да ги почитуваме даночните или сметководствените правила или друга законска обврска според важечкиот закон.

КОЛАЧИЊА И СЛИЧНА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА СЛЕДЕЊЕ

SPE и трети страни вклучувајќи ги другите компании на групацијата Sony може да користат колачиња, веб-ознаки (познати и како „пиксели за следење“) и други технологии за следење за да собираат податоци за вашите интеракции со Содржините или електронските пораки што ви ги испраќа SPE, вклучувајќи ги и податоците за вашиот начин на прегледување и купување.

Технологиите за следење ги користиме за три намени:

  • За да ви ги обезбедиме услугите и параметрите што сте ги побарале: на пример, да ви овозможиме ефикасно да се движите помеѓу страниците, да ве одржуваме најавени за време на вашата посета, да проверуваме дали има грешки и дефекти во Содржините, да го почитуваме важечкиот закон и да ја осигуриме безбедноста на Содржините. Обично собираме податоци за сметката, како што се корисничко име и лозинка, идентификатори на уреди, информации за користењето во врска со грешки, дефекти или безбедносни проблеми во Содржините, како и вашите претпочитани вредности за овие цели.
  • За да ви покажуваме реклами и препораки за Содржини што се посоодветни за вашите интереси: на пример, користиме технологии за следење за да ги запомниме Содржините што ве заинтересирале, да ви даваме препораки за Содржини и да ги скроиме вашите Содржини, а потоа тоа го користиме за да ви понудиме реклами што ќе бидат порелевантни за вас, вклучувајќи и кога се наоѓате на друга веб-локација. Технологиите за следење исто така помагаат да се ограничи колку пати ќе видите одредена реклама, да се измери ефикасноста на рекламните кампањи и ни помага нам и на другите да следиме дали рекламите соодветно се прикажуваат. Обично собираме податоци за контакт, идентификатори на уредот, како што е IP-адресата и податоци за користењето, како што се вашите интеракции со рекламите, историјата на прелистување и прегледување за оваа намена.

    Исто така, им дозволуваме и на други организации да користат технологии за следење за вакви намени за рекламирање. Покрај тоа, може да работиме со платформи и веб-локации од трети страни (како платформи за социјално вмрежување) за да ви нудиме вам или на другите таргетирани реклами на такви услуги и платформи од трети страни, и може да ја претвориме вашата електронска адреса, телефонскиот број или други податоци во единствена вредност што ќе ја им ја дадеме на овие платформи од трети страни со цел да се спојуваат. Можете да најдете информации за овие платформи и веб-локации од трети страни во нашата Алатка за согласност со употребата на колачиња

    До степен што го бара законот, ќе бараме ваша согласност пред да ги поставите овие колачиња. За да дознаете повеќе за одредени колачиња што се користат за рекламирање врз основа на интереси како што е опишано погоре од страна на трети лица, вклучувајќи го и рекламирањето преку следење на сите уреди, и за да направите одредени избори во врска со таквите колачиња, посетете ги Сојузот за дигитално рекламирање, Иницијативата за мрежно рекламирање, Канадскиот сојуз за дигитално рекламирање, Европскиот сојуз за интерактивно дигитално рекламирање или отворете ги параметрите на вашиот уред.

  • За да го анализираме и подобриме вашето искуство при прегледувањето: за да анализираме кои Содржини се најпопуларни и најгледани, а кои се најмалку гледани, и да добиеме општи информации за корисниците на Содржините (како возраст, пол и области на интерес). Исто така, го помниме изборот што сте го направиле, во врска со јазикот или регионот, со цел да го подобриме и персонализираме вашето искуство.  Може да го запомниме и местото каде што сте застанале со прегледување на Содржините за да можете да се вратите на истото место кога повторно ќе ги гледате Содржините.  Обично собираме идентификатори на уредот, како што е IP-адресата и податоци за користењето, како што се историјата на прелистување, типот на уредот и прелистувачот и оперативниот систем за оваа намена.  Користиме аналитички услуги обезбедени од Adobe, Google и други за да ни помогнат да го анализираме и подобриме вашето искуство со прелистување како што е наведено во овој параграф; може да ги најдете нивните политики за колачиња на следните врски тука за Adobe и тука за Google. До степен што го бара законот, ќе бараме ваша согласност пред да ги поставите овие колачиња. Доколку се премислите или не сакате да ги користиме на овој начин податоците за вашите посети, кликнете тука за Adobe и тука за Google, за да се откажете од нивните услуги и следете ги упатствата подолу за другите аналитички услуги.  

 

Како се управува со технологиите за следење

Податоците собрани од колачиња ги чуваме не подолго од она што е максимално дозволено со закон.

До степен што го бара законот, ќе бараме ваша согласност и ќе обезбедиме врска до оваа Политика пред да поставите какви било помошни колачиња (т.е. колачиња во категориите (2) и (3) погоре) и пред да користиме ознаки за пиксели во е-пораките што ви ги испраќаме (што ги бараме истовремено со вашите претпочитани вредности за директен маркетинг). Можете да ја повлечете оваа согласност во секое време користејќи ги методите опишани подолу или како што поинаку е назначено во Содржините. 

Ако ги користите нашите Содржини преку прегледувач и се користат колачиња, можете во секое време да ги промените вашите претпочитани вредности за колачињата и да ја повлечете вашата согласност преку Алатката за согласност со употребата на колачиња. За да ги користите нашите Содржини не мора да ви бидат вклучени колачињата, но ако ги исклучите тоа може да влијае на вашето искуство на нашите веб-локации и апликации.

Покрај тоа, во менито „Помош“ во лентата за мени кај повеќето прегледувачи има информации како да спречите вашиот прегледувач да прифаќа нови колачиња, како да ги избришете старите колачиња, како да добивате известувања кога прегледувачот добива ново колаче и како во целост да ги оневозможите колачињата.

Технологии за препознавање на локацијата

Во согласност со важечките закони, може да користиме софтвер со GPS (системи за глобално позиционирање), географско филтрирање и други технологии за препознавање на локацијата за да ве лоцираме (некогаш прецизно) за намени како потврдување на вашата локација и нудење односно ограничување на содржини (на пр. територијални ограничувања) и реклами врз основа на вашата локација. Следењето со прецизно географско лоцирање може да го исклучите преку параметрите за локација на вашиот уред и/или во нашите Содржини (доколку е достапно). 

Уреди PlayStation, Apple iOS, Android и други поврзани уреди

При пристапувањето кон одредени апликации од овие уреди, колачиња и други технологии за следење автоматски ќе се складираат на вашиот уред за следниве намени: да останете најавени, да управувате со ПИН-кодовите, за финансиско пријавување и за други намени дозволени со важечкиот закон. Овие колачиња се неопходни за работењето на апликацијата. Во зависност од тоа кој уред го користите, може да имате можност да се откажете или да ги отстраните овие колачиња од уредот преку параметрите или така што ќе ја избришете апликацијата или вашата сметка.

КАКО И СО КОГО ГИ СПОДЕЛУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Вашите Лични податоци може да ги споделуваме во следниве околности:

  • Со ваша согласност (вклучително и за маркетинг и промоции). Може да побараме ваша согласност за споделување на вашите Лични податоци со трети страни за нивните маркетиншки цели, а ако дадете согласност, ќе ги споделиме во согласност со важечкиот закон.  На пример, може да ги споделиме вашите Лични податоци со партнери за маркетинг и промоции, платформи за друштвени медиуми и со деловни партнери.  Ви ги даваме имињата на третите страни со кои ги споделуваме вашите Лични податоци во моментот на добивање на вашата согласност.  Понекогаш, преку вашата употреба на интерактивна функција, графичка контрола или апликација, може да побарате да ги споделиме вашите Лични податоци со трета страна и ќе го направиме тоа во такви околности во согласност со важечкиот закон.  Покрај тоа, ако изберете да се пријавите за некаква промоција, како наградна игра, извлекување или натпревар, вашите Лични податоци може да бидат откриени на трети страни за целите на управувањето на таквата промоција и во согласност со условите на таквата промоција. Ова може да значи и дека вашите Лични податоци ќе бидат вклучени на списокот на победници или најдобро пласирани. Доколку поднесете содржини создадени од корисници на веб-локација или апликација, овие содржини ќе бидат јавно откриени.
  • Трети страни што вршат услуги во наше име. Споделуваме податоци со нашите деловни партнери, како и со трети страни кои вршат функции во наше име, како хостинг или управување со нашите веб-локации и апликации, испраќање електронски пораки, изведување маркетиншки или рекламни услуги и спроведување анализи на податоците. Во случаи кога купувате преку некој од нашите веб-локации или апликации, вашите Лични податоци ќе ги споделиме со трети страни за да се обработи вашето плаќање со картичка и да се достави вашата нарачка.
  • Споделување со подружниците. Вашите Лични податоци ги споделуваме со други субјекти на SPE кои се вклучени кога ги обработуваме податоците за горенаведените намени. Исто така, може да ги споделуваме вашите Лични податоци и со други компании на групацијата Sony за аналитички намени, автентикација на сметка, управување со сметка и за директен маркетинг во согласност со важечкиот закон. Субјектот задолжен за управување со Личните податоци споделени во согласност со ова поглавје е наведен тука.
  • Деловна реорганизација. SPE и сите нејзини средства, вклучувајќи ги Содржините, може да се продадат, или да дојде до други трансакции во кои вашите Лични Податоци може да се сметаат за дел од деловните средства од трансакцијата. Во тој случај, вашите Лични податоци може да се пренесат на купувачот или на потенцијалниот купувач до степенот што е дозволен според закон, или како дел од трансакцијата или за време на кој било процес на соодветна анализа.
  • Задолжително откривање и правна заштита. Може да споделуваме податоци со владата или тела за спроведување на законот и со други страни вклучени или со намера да се вклучат во правни постапки за исполнување на законските обврски, кога добронамерно веруваме дека тоа се бара по закон, со цел да ги потврдиме или спроведеме нашите Услови за користење објавени во врска со оваа Политика или во случај кога за нас или за трети страни е неопходно да се заштитат нашите или нивните права, сопственост или безбедност.

МЕЃУНАРОДНИ ПРЕНОСИ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Нашите содржини се вдомени и управувани од нас или од страна на нашите даватели на услуги во Соединетите Американски Држави и во други земји. Затоа вашите Лични податоци ќе се пренесуваат и ќе се обработуваат во Соединетите Американски Држави и во други земји во кои може да не се нуди истото ниво на заштита на податоците како во вашата матична земја. За список на земји каде што може да се пренесат вашите Лични податоци, погледнете тука. Обезбедуваме соодветна заштита за меѓународните преноси во согласност со законите за меѓународни преноси на податоци. Во однос на трансферите што потекнуваат од земја или регион како што се Обединетото Кралство или Европската економска област ("ЕЕО"), и ако трансферот не е во земја која е предмет на одлука за соодветност или регулатива за соодветност (или еквивалентно), спроведуваме соодветни решенија за решавање на прекуграничните трансфери како што се бара со важечкиот закон како што се, во однос на ЕЕО, стандардните договорни клаузули одобрени од Европската комисија; а во однос на ОК, стандардните договорни клаузули одобрени од владата на ОК. Согласно таквите закони, може да побарате примерок од соодветните механизми кои ги применуваме на тој начин што ќе нè контактирате како што е наведено тука.  Во случаи кога според важечките закони се бара ваша согласност за меѓународен пренос на вашите Лични податоци, со тоа што ги користите Содржините и ни ги давате вашите Лични податоци, давате согласност за меѓународен пренос на вашите Лични податоци.

ВАШИТЕ ПРАВА

Во случаи кога тоа се бара според важечките закони, може да имате право да добиете потврда дека одржуваме одредени Лични податоци што се однесуваат на вас, да ги потврдите нивните содржина, потекло и точност, како и право на пристап, преглед, пренос или бришење на одредени Лични податоци, како и блокирање, приговарање или повлекување на согласноста за обработување на одредени Лични податоци (без да се влијае врз законитоста на обработувањето основано на согласноста пред да се повлече). Особено, може да побарате да не ги користиме вашите Лични податоци кога вршиме профилирање за директен маркетинг или какво било друго обработување основано на вашата согласност.

Посетете ја оваа страница за да поднесете барање за остварување на вашите важечки права и да нѐ контактирате за општи прашања поврзани со приватноста.  Може да побараме одредени податоци со цел потврдување на идентитетот на поединецот кој бара пристап до своите Лични податоци.

Разумно ќе се трудиме да ги правиме таквите барани промени во нашите активни и соодветни бази на податоци за потрошувачите што е можно поскоро, меѓутоа не е секогаш можно да се променат, отстранат или избришат вашите податоци или јавни објави од нашите бази на податоци и може и понатаму да останат архивирани ако нашето задржување на овие податоци спаѓа под исклучокот за исполнувањето на вашите права за податоци согласно важечкиот закон.  Покрај тоа, го задржуваме правото да ги задржиме вашите Лични податоци (а) така како што е дозволено според важечките закони, (б) така како што се бара според важечките закони и (в) толку долго колку што е разумно неопходно за да се исполнат намените за кои се задржуваат податоците освен до степенот кој е забранет според важечките закони. 

Може да се откажете од примањето известувања преку е-пошта со следење на упатствата за откажување, кои се наведени во тие електронски пораки. Ако сте се пријавиле да примате СМС или ММС-пораки, може да ја откажете претплатата на тие пораки така што ќе одговорите „STOP“. Ако се откажете од маркетиншката комуникација, тоа нема да влијае врз пораките поврзани со трансакциите на сметката.

БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

Спроведуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита на Личните податоци од губење, злоупотреба, менување или случајно уништување.  Ги штитиме вашите податоци согласно стандардите на важечкиот закон, но имајте предвид дека, со промената на технологиите, не можеме да гарантираме дека сите наши безбедносни мерки ќе бидат совршени или непробојни.  Ако имате причини да верувате дека вашата интеракција со нас повеќе не е безбедна, контактирајте нѐ веднаш така како што е опишано на следната страница Контактирајте нѐ“.

ПОДАТОЦИ ПОТРЕБНИ СПОРЕД ДОГОВОРОТ

За употреба на нашите Содржини или офлајн интеракција со нас не е неопходно да ги дадете сите Лични податоци опишани во оваа Политика за приватност и колачиња, но одредени функции нема да ви бидат достапни ако не дадете одредени Лични податоци. Доколку не дадете одредени Лични податоци, може да се случи да не можеме да ви одговориме на барањето, да извршиме трансакција со вас, или да ви понудиме маркетиншки информации кои сметаме дека би ви биле корисни.

АВТОМАТИЗИРАНО ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ И ПРОФИЛИРАЊЕ

Не користиме автоматизирано носење одлуки без човечка интервенција, вклучително и профилирање, на начин што создава правни последици за вас или на друг начин значително ви влијае.

ЗАДРЖУВАЊЕ

Личните податоци што ги собираме и обработуваме за намените опишани погоре, не ги задржуваме подолго од неопходното време за да се исполнат намените опишани во оваа Политика за приватност и колачиња. Ова може да вклучува задржување на Личните податоци подолго од периодот за кој ви ги обезбедуваме нашите услуги со цел да за решавање на прашања поврзани со данок, корпорација, усогласеност, судски спорови и со други законски права и обврски. Ги задржуваме Личните податоци поврзани со маркетиншки активности толку време колку што е дозволено според важечкиот закон (освен ако не ја повлечете согласноста во претходна фаза), а по барање безбедно ги бришеме таквите податоци во согласност со важечкиот закон.

ПРОМЕНИ НА ОВАА ПОЛИТИКА

Може повремено да ја ажурираме оваа Политика за приватност и колачиња како што се менуваат нашите услуги и практики за приватност, или како што се бара по закон. Горе е објавен датумот на стапување на сила на нашата Политика за приватност и колачиња, а ве охрабруваме повремено да ги посетувате нашите Содржини за да останете во тек со нашите практики за приватност. Ажурираната верзија на Политиката за приватност и колачиња ќе ја објавиме на нашите Содржини и ќе побараме ваша согласност кога тоа се бара според важечкиот закон.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЀ

Ако имате какви било прашања или коментари во однос на оваа Политика за приватност и колачиња или нашите практики за приватност, контактирајте нѐ, така што ќе кликнете на некоја од опциите тука или ќе ни пишете на соодветната адреса на субјектите наведени тука.

Исто така, може да имате право да поднесете жалба до надлежните органи за заштита на податоците во земјата во која живеете, во која работите, или во која што сметате дека дошло до кршење на заштитата на податоците.

***

© 2022 Sony Pictures Entertainment Inc. Сите права се задржани.