Креирајте го вашето Europass мотивациско писмо
Europass ви помага да развиете структурирано, конзистентно и професионално мотивациско писмо водејќи ве низ сите чекори. Можете да креирате ново мотивациско писмо или да ги уредувате постоечките со помош на Europass алатката за создавање и уредување на мотивациски писма.
Како помага Europass?
Europass ќе ве води чекор по чекор низ процесот за да ви помогне да создадете добро мотивациско писмо со сите потребни информации. Можете да креирате, да чувате и споделувате мотивациски писма на 31 јазици, да изберете од различни обрасци за да ја прилагодите вашата апликација и лесно да ги споделувате од вашата Europass библиотека.
Како да напишете добро мотивациско писмо
Мотивациското писмо треба да ја истакне вашата мотивација да аплицирате за одредена работа или можност и да покаже зошто сметате дека сте најдобриот кандидат. Вашето мотивациско писмо треба да се однесува на конкретни примери во вашето CV и да опише зошто тие се релевантни за работното место за кое аплицирате.
Внимателно прочитајте го огласот за слободни работни места и потенцирајте ги вештините што се однесуваат на барањата за позицијата во вашето мотивациско писмо.
Користете ги клучните зборови кога ќе ги наведете вашите социјални вештини како што е спомнато во огласот за слободни работни места (точен, организиран, тимски-играч и така натаму).
Имајте кратки и јасни параграфи што јасно покажуваат различни аспекти.
Одвојте време да го истражите работодавачот за да стекнете јасна слика за културата на таа организација и за да се насочите во вашето мотивациско писмо до една или две клучни точки.
Мотивациското писмо не треба да биде подолго од една страница.
- Прв парграф - зошто сте мотивирани да аплицирате за позицијата,
- Втор параграф - на кој начин сте најпогодниот кандидат за позицијата и
- Трет параграф - зошто мислите дека компанијата е добар избор за вас.
Користете формален, љубезен тон и проверете дали нема грешки во правописот.
Користете едноставни стилови на не-декоративни фонтови, нормални големини на фонтови (11-12) и оптимален проред (1 или 1,5).
Корисни услуги на ЕУ
EURES - Европскиот портал за работна мобилност
Најдете работа низ цела Европа
Работење во странство во други земји на ЕУ
Информации, помош и совети за правата на ЕУ поврзани со работата
Образование и обука во други земји на ЕУ
Информации, помош и совети за правата на ЕУ поврзани со учењето