Учество на Меѓународна ЕПАЛЕ Конференција во Турција
Во периодот 04-05.03.2024 година бевме дел од Меѓународната ЕПАЛЕ Конференција во организација на EPALE Türkiye, која се одржа во Анталија, Турција.
Во рамките на првиот ден, беше организиран состанок со заменичката министерка за образование на Туција, госпоѓа Celile Eren ÖKTEN, која ја потенцираше важноста на меѓународната соработка, но и потребата за вклучуање на повеќе жени во различни форми на образование и обука. Во рамките на првиот ден уште проследивме многу интересна презентација за состојбите во доживотното учење во Турција, како и за работата на нашите колеги од ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка.
Во рамките на вториот ден, претставниците на ЕПАЛЕ националните сервиси за поддршка учествуваа во различни панел дискусии во кои споделија примери на добри практики во областа на образованието за возрасни и доживотното учење, како и улогата на ЕПАЛЕ во образовните системи.
Нашата координаторка Љупка Ќуркчиева, имаше свое обраќање во рамките на панелот за размена на добри практики, заедно со претставници на Турција, Финска и Босна и Херцеговина, каде што зборуваше за искуството во работата со амбасадорките.
Во рамките на конференцијата остваривме многу контакти со колегите од повеќе ЕПАЛЕ НСП, во кои преку конструктивни дискусии веќе произлегоа конкретни идеи за заеднички активности во рамките на новиот ЕПАЛЕ циклус.
На колегите од EPALE Türkiye неизмерно им благодариме за поканата за учество, неизмерното гостопримство и внимание и огромната позитивна енергија и посветеност во развојот на интернационалната соработка.